Македонците недоверливи кон купувањето преку интернет

Bez autora
Jan 18 2011

Купувањето преку интернет во Македонија се уште е на ниско ниво, иако има услови тоа да функционира, но постојат и можности за негово подобрување. Извештајот укажува дека купувањето преку интернет учествува со само еден процент во трансакциите реализирани со електронски картички на кои отпаѓаат 8 до 10 проценти од вкупниот промет во државата. Причина за ваквата состојба е што кај граѓаните се уште постои недоверба во плаќањето преку интернет, повисоки се и провизиите што ги земаат оние кои ги вршат електронските трансакции, а во меѓународната е-трговија се уште е ниско поставен износот за ослободување од плаќање на царинските давачки.

Македонците недоверливи кон купувањето преку интернетКупувањето преку интернет во Македонија се уште е на ниско ниво, иако има услови тоа да функционира, но постојат и можности за негово подобрување, покажува Извештајот за состојбата со електронската трговија што го изготви УСАИД на барање на Министерството за информатичко општество и администрација.

Извештајот укажува дека купувањето преку интернет учествува со само еден процент во трансакциите реализирани со електронски картички на кои отпаѓаат 8 до 10 проценти од вкупниот промет во државата. Причина за ваквата состојба е што кај граѓаните се уште постои недоверба во плаќањето преку интернет, повисоки се и провизиите што ги земаат оние кои ги вршат електронските трансакции, а во меѓународната е-трговија се уште е ниско поставен износот за ослободување од плаќање на царинските давачки.

Според министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, нема законски пречки поради кои не може да функционира електронската трговија и не постојат проблеми со регистрацијата на интернет-трговците, но податокот од еден процент покажува дека треба да се работи на подобрување во овој дел.

- Анализата потврди дека отворањето интернет-продавница во Македонија не е многу голем напор, а не е ни голема инвестиција. Сепак, постојат уште можности за подобрување или олеснување на условите за функционирањето на интернет-продавница - изјави Ивановски.

Сандра Томановиќ од Касис" истакна дека плаќањето преку интернет во Македонија е безбедно.

- Решението на Касис" постои на пазарот веќе три и пол години и досега сме немале случаи на злоупотреба - нагласи Томановиќ.

Во Извештајот, меѓу другото, се препорачува измена на неколку закони во насока на заокружување или подобрување на правната регулатива. Анализата за е-трговија е направена во периодот од август до октомври 2010 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik